Поранешниот американски амбасадор во Скопје и висок дипломат Филип Рикер по вторпат прослави роденден со македонската ракометна репрезентација на големо натпреварување.
Рикер го прослави 60. роденден во Загреб, Хрватска, по победата над Гвинеја во Вараждин на Светското ракометно првенство. Тој славеше роденден со македонската ракометна репрезентација и на Европското првенство во Србија во 2012 година.
Роденденот беше прославен во загрепски ресторан, во организација на претседателот на РФМ Живко Мукаетов, со кој се долгогодишни пријатели. На прославата беа неговите 20-тина најблиски пријатели од Македонија, вклучувајќи го и селекторот на ракометната репрезентација Кире Лазаров, чии натпревари во македонскиот дрес Рикер ги следи уште од Светското првенство во Хрватска во 2009 година.
Во 2021 година во Ниш, Рикер беше гостин на Мукаетов и заедно го прославија роденденот, но и победата над Чешка. Рикер тогаш дуваше свеќички на торта со американско и македонско знаме, а како подарок доби македонски дрес со број 7, тогаш носен од Лазаров.
Рикер беше амбасадор во Скопје од 2008 до 2011 година, а претходно од 1997 до 1999 година беше шеф на одделот за односи со јавноста во амбасадата и оттогаш се неговите бројни пријателства во Македонија.
За време на Европското првенство во Србија беше заменик-помошник на Државниот секретар на САД, а од 2019 до 2021 година беше помошник на Државниот секретар на САД. Сега е во приватен сектор.