ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ПО 15. ПАТ ДОДЕЛИ 40 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ НА ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНА

    ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“  ПО 15. ПАТ ДОДЕЛИ 40 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ НА ФАРМАЦИЈА И МЕДИЦИНАПретседателот на Фондацијата, Живко Мукаетов со првенците на генерација на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет, кои добија еднократна парична награда. (Фото: Фондација „Трајче Мукаетов“ )

    Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот факултет и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда од 1.200 евра,  која ја доделува Фондацијата 12 години по ред за првенците на генерација на двата факултети, годинава ја добија Филип Горачинов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,19) и  Стефан Неделкоски од Медицинскиот факултет (со просек 10), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

    За петнаесет години постоење, Фондацијата стипендирала 619 студенти по фармација и по медицина на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а за досегашните активности инвестирани се близу 120 милиони денари.

    Почнувајќи од 1 ноември 2022 , во согласност со одлуката на Управниот одбор на Фондацијат,  износот на стипендијата, наместо досегашните 6.500 денари, ќе изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и ќе се засметува линеарно на постоечките и новите стипендисти.

    „Во мај 2007 година ја формиравме Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ со една единствена цел: да биде додадена вредност на македонското здравство и фармација.  До денес, 97 стипендирани студенти ги отпочнале своите кариери во фармацевтските оддели на ‘Алкалоид’. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, програмите за практикантство, за парцијално-дуално образование и слични проекти с енасочени кон подигање на квалитетот на образовниот процес, стимулирање на студентите кон повисоки достигнувања и градење на идни квалитетни и конкурентни професионалци. Нашите операции се комплексни и засновани на научни методи, а за нив потребни се стручно профилирани кадри“, вели Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира