„ФУСТАНОТ НА ОДМАЗДАТА“ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ОДИ НА МЕЃУНАРОДНА ТУРНЕЈА ПРЕД АУКЦИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИ

    „ФУСТАНОТ НА ОДМАЗДАТА“ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА ОДИ НА МЕЃУНАРОДНА ТУРНЕЈА ПРЕД АУКЦИЈАТА ВО ДЕКЕМВРИФустанот Дијана го носела на 29 јуни 1994, на денот кога била емитувана телевизиска емисија во која тогашниот принц Чарлс признал дека бил неверен. (Фото: АП)

    Црниот фустан што принцезата Дијана го носеше на денот кога нејзиниот сопруг, тогашниот принц Чарлс, јавно призна дека бил неверен ќе биде понуден на аукција во „Сотбис“ во декември, со проценета почетна вредност од 150.000 до 300.000 долари. Познат како „Фустан на одмаздата“, тој прво ќе биде изложен на меѓународна турнеја, што сведочи за трајната глобална фасцинација од Дијана, речиси 30 години по нејзината смрт.

    Дијана го носеше фустанот на 29 јуни 1994, на денот кога беше емитувана телевизиска емисија, во која Чарлс призна дека бил неверен.

    Дијана, која знаела дека откритието претстои, одлучила да го облече тесниот свилен фустан со откриени раменици, дело на грчката дизајнерка Кристина Стамболијан, за свечената вечер во лондонската галерија „Серпентајн“.

    Дијана го носепе свилен фустан со откриени раменици, дело на грчката дизајнерка Кристина Стамболијан, на свечената вечер во лондонската галерија „Серпентајн“.

    Морган Халими, глобалната директорка на „Сотбис“ за чанти и мода, изјави дека Дијана го избрала „прекрасниот и моќен аутфит“ како начин повторно да ја преземе контролата врз сопствената приказна.

    „Таа секогаш ја користеше модата како начин на изразување, но овојпат, тоа беше начин да го изрази својот личен став. Чувството што го имала тој ден било: ‘Јас повторно ја преземам приказната и тука сум и стојам зад себе’“, рече Халими.

    Фотографиите од Дијана во фустанот, надополнет со сафирен ѓердан, црни салонки и впечатлив црвен лак, го обиколија светот. Таблоидот „Сан“ следниот ден на насловната страница објави: „Одмаздата е шик“.

    Чарлс и Дијана се разведоа во 1996, една година пред таа да загине во сообраќајна несреќа во Париз на 36-годишна возраст.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира