ГЕРМАНСКА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА, БАРА КАНДИДАТИ СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

    ГЕРМАНСКА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА КОМПАНИЈА ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА, БАРА КАНДИДАТИ СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИКЛицата кои говорат германски јазик можат да аплицираат за работа на веб страната на компанијата webhelp,mk.(фото: Веб Хелп)

    Германската телекомуникациска компанија „Веб Хелп“ (Webhelp) вработува во Македонија лица кои говорат германски јазик. Компанијата која работи под мотото “луѓето пред се” уште еднаш се проширува низ Балканот, но овој пат во Северна Македонија.

    „Сите млади кои го зборуваат германскиот јазик, ќе ја имаат уникатната шанса да научат и да напредуваат брзо во нивната кариерата и тоа преку работа со меѓународни брендови и како дел од високо професионален тим. Возбудени сме за пробивањето на новиот пазар и со тоа што ќе овозможиме вработување на млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија“, велат од компанијата.

    „Веб Хелп“ ќе овозможи вработени во земјава да работа во најдобри услови, со најдобро опремани канцеларии, во кои ќе имаат на располагање сала за вежбање, соба за забава и игри, како и лекар.

    „Како голема компанија наш приоритет е вработените да се чуствуваат како дел од една големо семејство бидејќи се водиме од изреката ‘ако го сакаш тоа што го работиш, нема да треба да работиш ниту еден ден во животот‘“, додаваат од „Веб Хелп“.

    Лицата кои говорат германски јазик можат да аплицираат за работа на веб страната на компанијата webhelp,mk. Oние кои не говорат германски исто така можат да ги контактираат бидејќи како што велат од компанијата ‘никогаш не се знае каде може да ве однесе разговорот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира