ГЕРМАНСКИ ХЕМИЧАР САКА ДА ГО ПРЕПЛИВА ДУНАВ, ВО БЕЛГРАД СЕ ОТКАЖАЛ ПОРАДИ ФЕКАЛИИТЕ

    ГЕРМАНСКИ ХЕМИЧАР САКА ДА ГО ПРЕПЛИВА ДУНАВ, ВО БЕЛГРАД СЕ ОТКАЖАЛ ПОРАДИ ФЕКАЛИИТЕАндреас Фат ја анализира водата во Дунав на својата авантура долга 3.000 километри (Фото: Фејсбук)

    Германскиот хемичар Андреас Фат одлучи да го преплива Дунав долж целиот негов тек од речиси 3.000 километри, попат собирајќи примероци вода, што тим научници од Универзитетот во Виена ги анализира во лабораторијата на придружниот брод.

    Кога стигнал до Белград, морал да се откаже од пливањето зашто водата била премногу загадена. Јута Нојман од неговиот тим појасни дека Фат се плашел дека загадената вода би можела да му влијае врз имунолошкиот систем.

    Во Белград живеат 1,7 милиони луѓе и нивните отпадни води не поминуваат низ никаков третман, туку директно се влеваат во реката. На тој начин и изметот влегува во водата. При контакт со дунавската вода може да дојде до зараза со ешерихија коли“, кажа Нојман.

    Место да плива, Фат ја поминал белградската делница со брод.

    Ако имате слаб имунитет, не пливајте во Дунав во Белград. Водата е загадена и има пониска концентрација на кислород во споредба со регионите што претходно ги поминавме“, кажа Нојман.

    Истражување на австриските научници од 2019 покажа дека Дунав е загаден со фекалии долж својот тек во Србија, Романија и Бугарија. Ситуацијата е особено критична во Нови Сад и Белград, каде што има исклучително високо присуство на ешерихија коли.

    Канализациските води на дури 100 места во Белград директно се излеваат во Дунав. Количеството фекалии што се излева годишно е рамно на 60.000 олимписки базени, кажаа градските власти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира