ГРЧКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ЗАБРАНИЈА СНИМАЊЕ ШПИОНСКА СЕРИЈА НА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН

    ГРЧКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ЗАБРАНИЈА СНИМАЊЕ ШПИОНСКА СЕРИЈА НА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОНАрхеолошкиот советот го одби барањето на „Би-Би-Си“ и „Еј-Ем-Си“ за пристап до храмот на Посејдон, стар 2.500 години, со објаснување дека локацијата ќе биде затворена за посетителите многу саати, и дека би дошла преголема техничка екипа (Фото: АП )

    Грчкиот археолошки совет не дозволи да се снимаат сцени од телевизиска серија во продукција на „Би-Би-Си“ и американската кабелска мрежа „Еј-Ем-Си“ на храмот на Посејдон во близина на Атина. Серијата е базирана на шпионскиот роман на Џон ле Кар „Малата тапанарка“.

    Советот го одби барањето за пристап до храмот на Посејдон, стар 2.500 години, со објаснување дека локацијата ќе биде затворена за посетителите многу саати, и дека би дошла преголема техничка екипа.

    На оваа одлука реагираше грчката Влада, која пред три дена ја започна кампањата за привлекување филмски продукции.

    Владата смета дека странската продукција би можело да биде клучна област за раст во земјата, која осум години се соочува со тешка финансиска криза.

    За снимање на грчките археолошки локалитети, без разлика дали станува збор за комерцијални продукции или новинарско известување, потребна е дозвола од археолози, што е често невозможно и многу скапо да се добие.

    Серијата од шест дела треба да излезе следната година.

    Во романот од 1983 година, еден израелски шпион лови палестински бомбардер низ цела Европа, регрутирајќи млада англиска актерка за да се обиде да го открие.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира