ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА 10-ГОДИШНИОТ АНГАЖМАН ВО СЕКТОРОТ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

    ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА 10-ГОДИШНИОТ АНГАЖМАН ВО СЕКТОРОТ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТХабитат Македонија е наградена за проектот Енергетски ефикасни домови за семејства со ниски приходи. - Од свеченото доделување (Фото: Хабитат Македонија)

    Австриската фондација „Енерџи Глоуб“ му оддаде меѓународно признание на десетгодишниот ангажман на „Хабитат Македонија“ во секторот на енергетска ефикасност, со доделување на награда за национални достигања. Наградениот проект: 24, иницијално е започнат од „Хабитат Македонија“ во 2009 година.

    Наградата ја врачи трговското аташе на Амбасадата на Австрија Марлен Бургсталер, која во обраќањето кажа дека наградата ја предава во име на фондацијата „Енерџи Глоуб“ и на нивниот партнер – Австриската трговска комора.

    На свеченоста присуствуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев и австриска бизнис делегација која се наоѓа во посета на Македонија.

    Примајќи ја наградата, националниот директор на „Хабитат Македонија“ Зоран Костов посочи дека главните достигања на наградениот проект вклучуваат енергетски ефикасни реконструкции на повеќе од 60 колективни станбени згради во Македонија, со преку 1.900 станови, при што се постигнати вкупни годишни енергетски заштеди од 7.910 мегават часови и годишни редукции на емисиите на јаглероден диоксид од 3.670 тони. Ова за македонскиот станбен фонд претставува голем инвестициски потенцијал кој се проценува на повеќе од 500 милиони евра.

    Главната цел на Фондацијата „Енерџи Глоуб“, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП), е да укаже дека во нашиот свет постојат многу креативни луѓе кои имаат спроведено проекти со решенија за многу проблеми, всушност проекти кои го помагаат опстанокот на нашата планета. За наградата оваа година се поднесени преку 2.000 предлози од преку 180 земји. Националните победници се избрани по пат селекција спроведена од експерти на Комитетот за евалуација на фондацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира