ХАРВАРД МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ЕЛТОН ЏОН ЗА НЕГОВИТЕ ЗАЛОЖБИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ И СИДА

    ХАРВАРД МУ ОДДАВА ПОЧИТ НА ЕЛТОН ЏОН ЗА НЕГОВИТЕ ЗАЛОЖБИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ И СИДАЕлтон Џон хуманитарната награда од Харвард ќе ја добие на 6-ти ноември, за неговите заложби за борба против ХИВ/СИДА (Фото:АП)

    Елтон Џон следниот месец ќе добие награда од Универзитетот Харвард, за неговите филнатропски заложби за борба против ХИВ и СИДА.

    Фондацијата за СИДА на Елтон Џон објави дека 70 годишниот пејач ќе ја добие хуманитарната награда за 2017 година од фондацијата „Питер Џ.Гомес“ на Харвард, на 6-ти ноември.

    Претходни добитници на оваа награда се: архибискупот Дезмонд Туту, генералните секретари на Обединетите нации: Бан Ки-мун, Кофи Анан, Бутрос-Бутрос Гали и Хавиер Перез де Куелјар.

    Џон вели дека останува посветен „да го задржат и зголемат прогресот што го направиле за да ја искоренат стигмата и да се стави крај на ширењето на ХИВ еднаш засекогаш“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира