ХОЛАНДСКИ ДЕТЕКТИВ НАЈДЕ СЛИКА ОД ПИКАСО УКРАДЕНА ПРЕД 20 ГОДИНИ

    ХОЛАНДСКИ ДЕТЕКТИВ НАЈДЕ СЛИКА ОД ПИКАСО УКРАДЕНА ПРЕД 20 ГОДИНИБренд, познат под прекарот „Индијана Џонс на уметничкиот свет“ вели дека сликата од 1938, насловена „Портрет на жена“ е проценета на околу 25 милиони евра (Фото: АП)

    Холандскиот детектив за уметнички дела Артур Бренд објави дека пронашол вредна слика од Пабло Пикасо, која пред 20 години била украдена од луксузна јахта на богаташ од Саудиска Арабија во Франција.

    Бренд, светски познат приватен детектив, познат под прекарот „Индијана Џонс на уметничкиот свет“ вели дека сликата од 1938, насловена „Портрет на жена“, ја има веќе две недели, откако со години ја барал низ Амстердам. Тој ја предал сликата, која е проценета на околу 25 милиони евра, на осигурителна компанија. Сѐ уште не познато што ќе се случи со делото.

    „Знаев дека е Пикасо бидејќи излегуваше нешто магично од него“, вели детективот (Фото: АП)

    Тој вели дека веднаш почувствувал дека го има вистинското дело, штом ги отстранил двете пластични кеси со кои било замотано.
    „Знаев дека е Пикасо бидејќи излегуваше нешто магично од него. Во случаи со украдени дела, позадината говори многу повеќе од предната страна на сликата“, вели детективот.

    Околу потрагата по делото, Бранд вели дека стигнал  до лице кое пред 10 години ја имал, а потоа му требале уште три години да ѝ се приближи. Сликата кружела во криминалното подземје на Амстердам.

    „Била користена како средство за плаќање за дрога и оружје“, вели тој. По извесно време, лицето кое ја поседувало одлучило да му ја предаде на Бренд.

    Шефот на тимот за криминал со уметност и антиквитети во холандската полиција, Мартин Финкелнберг рече дека засега никој не е уапсен.
    „Најважно е дека делото е вратено. Сите се задоволни“, кажа Финкелнберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира