ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ КРК ЌЕ НАПЛАЌА 20 ЦЕНТИ ЗА ПОЛА МИНУТА ТУШИРАЊЕ НА ПЛАЖА

    ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ КРК ЌЕ НАПЛАЌА 20 ЦЕНТИ ЗА ПОЛА МИНУТА ТУШИРАЊЕ НА ПЛАЖАЦелта е да се намали непотребната потрошувачката на вода- поглед од Франкопанскиот замок во Крк.(Фото: СДК.МК)

    Хрватскиот остров Крк од оваа сезона ќе наплаќа за туширање на плажа. Гостите кои ќе ги користат тушевите на плажите ќе треба да платат 20 центи за половина минута туширање. Наплата ќе се воведе на шест тушеви на градските плажи.

    Директорот на комуналното претпријатие Данко Милохниќ објасни дека наплатата нема за цел остварување профит туку да се намали непотребната и неконтролирана потрошувачката на вода која била регистрирана последниве неколку туристички сезони.

    На тушевите ќе бидат поставени уреди и секое користење ќе се евидентира кај надлежните служби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира