ХРВАТСКИОТ ПРЕВОЗНИК КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС ДЕНЕСКА СЛАВИ 30. РОДЕНДЕН, ЗА МАКЕДОНИЈА ЛЕТА 25 ГОДИНИ

    ХРВАТСКИОТ ПРЕВОЗНИК КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС ДЕНЕСКА СЛАВИ 30. РОДЕНДЕН, ЗА МАКЕДОНИЈА ЛЕТА 25 ГОДИНИВо летната сезона Кроација лета од Загреб за Скопје 12 пати неделно.- Ербас А319 - (Фото: А. Грубелиќ)

    Хрватскиот национален превозник Кроација ерлајнс денеска слави 30 години и за патниците на домашните и странските аеродроми има подготвено посебни изненадувања и награди, соопштија од компанијата.

    На денешен ден, 7 август 1989 година е регистрирана фирмата Загреб ерлајнс (Загал) која после година дена го смени името во денешната Кроација ерлајнс. Првиот лет беше на 5 мај 1991 година на линијата Загреб – Сплит на еден месец пред прогласувањето независност и осоамостојувањето на Хрватска од поранешната СФРЈ, а поврзувањето на новата држава со светот почна на 5 април 1992 со првиот меѓународен лет Загреб – Франкфурт, уште додека траеше војната со Србија.

    Кроација ерлајнс е меѓу првите авионски компании што воспоставија врска со Македонија, како независна и самостојна држава по распадот на Југославија. Редовната линија Загреб – Скопје функционира од 1994 година. Во моментов Кроација лета за Скопје 12 пати неделно.

    Во флотата на Кроација има 12 авиони: 4 ербас А319, 2 ербас А320 и шест турбопроп авиони од типот даш 8-Кју 400 со кои лета на 8 домашни и 30 меѓународни аеродроми во 24 земји.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари