ИЛЈАДНИЦИ ПЕНИС-РИБИ ПРЕКРИЈА ПЛАЖА ВО КАЛИФОРНИЈА

    ИЛЈАДНИЦИ ПЕНИС-РИБИ ПРЕКРИЈА ПЛАЖА ВО КАЛИФОРНИЈАИако ги викаат пенис-риба, овие суштества се вид дебели црви кои се закопуваат длабоко под површината на песокот. (Фото: Гети)

    Илјадници суштества што наликуваат на пенис се пронајдени насукани на плажа во Калифорнија. Овие пулсирачки суштества се всушност еден вид дебели црви, велат научниците, но често ги нарекуваат пенис-риба.

    Овие црви се закопуваат длабоко под површината на песокот, но неодамнешното невреме ги исфрлило надвор, па плажата Дрејкс, 80 километри северно од Сан Франциско, беше преплавена со нив.

    Да, физичкиот изглед на овие дебели црви доволно кажува. Но, тие се совршено обликувани за живот под земја“, појасни биологот Ајван Пар.

    Тој додава дека се пронајдени фосили од овие црви стари 300 милиони години, а нивниот животен век може да биде и 25 години. Друг вид на вакви црви важи за деликатес во некои земји, како Јужна Кореја.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира