ИНДИЈКА РОДИ БЛИЗНАЦИ НА 73 ГОДИНИ

    ИНДИЈКА РОДИ БЛИЗНАЦИ НА 73 ГОДИНИМангајама Јарамати отсекогаш сакала да има деца, но претходно не успевала да забремени

    Жена од индиската држава Андра Прадеш родила близнаци на 73 години. Лекарите кои ја породиле велат дека таа зачнала по пат на вештачко оплодување.

    „Мајката и бебињата се добро“, изјави д-р Ума Шанкар.

    Мангајама Јарамати кажа дека таа и нејзиниот 82-годишен сопруг отсекогаш сакале да имаат деца, но претходно не успевала да забремени.

    „Пресреќни сме“, рече Ситарама Раџарао неколку часа откако стана татко.

    По само неколку дена, тој претрпил мозочен удар и сега се наоѓа во болница.

    Да имаат деца било важно за оваа двојка и бидејќи биле стигматизирани во нивното село.

    „Тие ме нарекуваа госпоѓа без деца. Пробавме многу пати и посетивме многу доктори, па ова е најсреќниот период од мојот живот“, додаде Јарамати.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира