ИНФЛУЕНСЕР ЈА СПАСИ АЛБАНСКАТА МАДОНА ПАРАШЌЕВИ СИМАКУ КОЈА ЖИВЕЕШЕ КАКО БЕЗДОМНИЧКА ВО ЊУЈОРК

    ИНФЛУЕНСЕР ЈА СПАСИ АЛБАНСКАТА МАДОНА ПАРАШЌЕВИ СИМАКУ КОЈА ЖИВЕЕШЕ КАКО БЕЗДОМНИЧКА ВО ЊУЈОРКАлбанскиот инфлуенсер Елтон Илирјани кој живее во САД, откако го гледал прилогот на „Еј-Би-Си“ за два дена ја пронашол пејачката Парашќеви Симаку во Њујорк (Фото: Принтскрин од видео)

    Новинарката Нина Пинеда со колеги од „Еј-Би-Си“ им подаруваше ранци со храна на бездомници на главната меѓуградска железничка станица во Њујорк. Меѓу бездомниците беше и некогаш популарната албанска пејачка Парашќеви Симаку. Едноставниот чин на хуманост сега стана огромна меѓународна приказна.

    Една од жените која разговараше со Нина Пинеда спомена дека е пејачка. Излезе дека е толку позната, што луѓето во нејзината родна земја, Албанија веднаш ја препознаа во видеото. Парашќеви Симаку е пејачка и актерка од Албанија, и ја нарекуваат едно од нивните национални богатства.

    „Таа беше како Мадона од Албанија“, рече нејзината обожателка Бејл Ербели.

    Ербели готвела кога го видела прилогот и веднаш ја препознала Симаку, која со своето семејство била во Њу Џерси во 1986, кога ја започнувала својата кариера, па се вратила во Албанија.

    Инфлуенсерот Ирлијани на објави видео како ѝ се поклонува на Парашќеви Симаку (Фото: Принтскрин од видео)

    Брзо по емитувањето на прилогот на „Еј-Би-Си“ албанско-американската заедница се обедини, објавувајќи и споделувајќи го видеото на социјалните мрежи. Стаса и до албанскиот инфлуенсер, бизнизмен и модел Елтон Илирјани кој живее во САД. Откако видел дека некогаш популарната албанска пејачка сега е бездомничка во Њујорк, ја нашол за два дена.

    „Ја барав пет години“, рече Илирјани. „Се стрчав до неа и ја прегрнав. Таа рече: ‘Држете се настрана, смрдливa сум. Спиев надвор“.

    Илирјани ѝ понудил на Симаку да ѝ изнајми хотелска соба за спиење, и таа прифатила.

    „Долго се капеше. Кралицата се врати. Ја среди косата и шминката”, рече Илирјани. „Многу е убава. Оидовме во ресторан во Хадсон Јардс каде што запеа на англиски и на француски“, рече Ирлијани.

    Тој додаде дека состојбата продолжува да се менува на подобро за иконата на албанската музика. Претходно, тој рече дека му е најголем страв дека пејачката повторно ќе си замине да живее на улица бидејќи нејзината психичка состојба не е стабилна.

    Во објава на Инстаграм Ирлијани рече дека пејачката разговарала со својот син, кого со години го чекала на железничката станица во Њујорк, каде што спиела како бездомничка. Откако се разделила од сопругот во Албанија, пејачката се преселила во САД каде што едно време работела како пејачка, а потоа станала бездомничка.

    „Парашќеви разговараше и со поранешниот сопруг кој бил загрижен за неа“, рече Илирјани. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира