ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА ДЕКА КАЈ ВОЗАЧИ НА БМВ, СУБАРУ И ПОРШЕ ИМА ПОГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ СУДИР

    ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА ДЕКА КАЈ ВОЗАЧИ НА БМВ, СУБАРУ И ПОРШЕ ИМА ПОГОЛЕМА ВЕРОЈАТНОСТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ СУДИРРизичното возење е фактор кој повеќе влијае кога во сообраќајна несреќа се вклучени возачи на БМВ, Субару или Порше. (Фото: Твитер)

    Истражување на повеќе од 400.000 собраќајни несреќи во Велика Британија покажа дека кога „ризично или агресивно возење“ игра улога во судирите, има значителна статистичка разлика во одговорноста на возачите помеѓу различни брендови на автомобили.

    Ризичното возење, вклучувајќи пребрзо возење, незастанување на црвено светло, претекнување на двојна полна линија и игнорирање пешачки премини, е фактор кој повеќе влијае кога во сообраќајна несреќа се вклучени возачи на БМВ, Субару или Порше. За разлика од нив, ризично возење има најмалку кај возачи на Шкода и Хјундаи.

    Откако ги пресметаа влијанијата на возраста на возачите и типовите на патишта, истражувачите имаат хипотеза дека и брендот на автомобилот има влијание, во истражување објавено во Журналот на социјален маркетинг.

    Главниот автор на истражувањето Алан Теп, професор по социјален маркетинг на Универзитот Западна Англија, вели: „Во исти ситуации, би очекувале иста пропорција на агресивни маневри кај сите брендови. Но, има поголем процент кај брендови кои рекламираат возење со перформанси како ‘крал на патот’. Сепак, се работи за прашање како со кокошката и јајцето – дали агресивните возачи избираат одредени брендови или брендовите ги прават работите полоши“.

    Коавторот на истражувањето, Ден Кемпсел од консултантската компанија за безбедност на патишта „Акилис“, додаде: „Додека производителите воведуваат секакви видови на иновативна технологија за да ја подобрат безбедноста, возачот сè уште е човечко битие, и му испраќаме збунувачки пораки околу тоа што се очекува од него кога вози“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира