ИТАЛИЈА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ДО 1.500 ЕВРА ЗА ПОСЕТА НА ПСИХОЛОГ

    ИТАЛИЈА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ДО 1.500 ЕВРА ЗА ПОСЕТА НА ПСИХОЛОГВаучерите покриваат по 50 евра за сесија кај психолог. (Фото: Пекселс)

    Италија утре ги отвора апликациите за ваучери за покривање на трошоците за психолошка терапија во обид да се справи со кризата со ментално здравје, пред сè, на младите луѓе.

    Од утре (18 март), па до 31 мај, Италијанците ќе може да аплицираат за т.н. „психолошки бонус“ и да добијат до 1.500 евра за психотерапија. Овие ваучери покриваат по 50 евра за сесија кај психолог и наменети се за луѓе кои имаат проблеми со анксиозност, стрес, депресија и други психолошки проблеми.

    Италија ја воведе мерката по пандемијата на коронавирус, во декември 2021 година, и на почетокот сумата беше 600 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира