ИТАЛИЈА СОЗДАДЕ ОНЛАЈН МАПА СО НАД 1.400 СПОМЕНИЦИ И ОБЕЛЕЖЈА ОД ВРЕМЕТО НА МУСОЛИНИ

    ИТАЛИЈА СОЗДАДЕ ОНЛАЈН МАПА СО НАД 1.400 СПОМЕНИЦИ И ОБЕЛЕЖЈА ОД ВРЕМЕТО НА МУСОЛИНИОгромниот мермерем релјеф за историјата на Рим изработен во 1940 го прикажува Мусолини на коњ (Фото: АП)

    Повеќе од 1.400 фашистички споменици, улични знаци и обележја во Италија се ставени на онлајн мапа, што е прв обид да се документираат симболите од времето на Бенито Мусолини, кои и натаму стојат низ земјата.

    И додека Германија систематски ги избриша сите траги на нацистичкиот режим по Втората светска војна, Италијанците имаа помалку строг пристап кон 21-годишното владеење на Мусолини. Националниот институт „Пари“ од Милано неделава отвори интернет страница со „местата за фашизмот“, што следува по четиригодишно истражување. Листата опфаќа славни обележја како обелискот во Рим, но и помалку познати меморијали.

    Ова е делумен попис, свесни сме дека листата не е комплетирана. Работата и натаму е во тек. Сајтот ќе се проширува и со придонес на јавноста, добивме десетина предлози набргу по отворањето на сајтот“, вели историчарот и креатор на сајтот Игор Пицирусо.

    Италија има комплициран однос кон своето фашистичко минато, што одново се најде под лупа откако десничарката Џорџа Мелони беше избрана за премиерка. Таа тврди дека италијанската десница се откажала од фашизмот пред многу децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира