ИТАЛИЈАНСКАТА ЦРКВА СЕ ИЗВИНИ ОТКАКО БИСКУП ИМ РЕКОЛ НА ДЕЦАТА ДЕКА ДЕДО МРАЗ Е ИЗМИСЛЕН ОД „КОКА-КОЛА“

    ИТАЛИЈАНСКАТА ЦРКВА СЕ ИЗВИНИ ОТКАКО БИСКУП ИМ РЕКОЛ НА ДЕЦАТА ДЕКА ДЕДО МРАЗ Е ИЗМИСЛЕН ОД „КОКА-КОЛА“Бискупот Антонио Стаљано ги налутил родителите со неговите изјави

    Римокатоличката црква на Сицилија се извини откако нејзин бискуп им кажал на децата дека Дедо Мраз не постои. На верски настан минатата недела, бискупот Антонио Стаљано кажал дека црвениот костим на Дедо Мраз бил избран од „Кока-кола“ заради публицитет, објавија италијанските медиуми.

    Неговите коментари ги налутиле родителите. Во извинувањето до нив, Алесандро Паолино од бискупијата на Ното кажа дека Стаљано сакал да ги нагласи вистинското значење на Божиќ и важноста на приказната за Свети Никола, кој се смета за инспирација за Дедо Мраз.

    „Како прво, сакам да се извинам за неговата изјава која предизвика разочарување кај најмладите и сакам да нагласам дека монсињор Стаљано имал поинакви намери“, напиша Паолино на Фејсбук.

    Тој додаде дека бискупот сакал да им посочи на децата дека Божиќ станал познат по конзумеризмот.

    Во интервјуто за весникот „Ла Република“, Стаљано изјави дека не им рекол на децата дека Дедо Мраз не постои, туку дека е важно да се прави разлика помеѓу она што е и не е вистинско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира