ИВАНКА ТРАМП Е ИДНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД, ВЕЛИ НЕЈЗИНАТА МАЈКА ИВАНА

    ИВАНКА ТРАМП Е ИДНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД, ВЕЛИ НЕЈЗИНАТА МАЈКА ИВАНАИма амбиции да го наследи во Белата куќа. - Иванка и Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Поминаа само десет месеци од турбулентниот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, а неговата поранешна сопруга Ивана вели дека тој не е единствениот член на семејството со претседателски амбиции.

    Во својата нова книга „Одгледувајќи Трамп“, што ќе биде објавена наредната недела, таа пишува дека нивната ќерка Иванка, исто така, имала амбиции во иднина да се кандидира за оваа функција.

    „За 15 години таа би можела да се кандидира за претседател, кој знае? Иванка, Прва дама? Попрво очекувам јас да станам Прва мајка“, вели Ивана Трамп.

    Таа беше во брак со Доналд Трамп од 1977 до 1992 година и заедно имаат три деца, но се почнало да се распаѓа откако во нивниот живот влегла Марла Мејплс.

    „Таа млада русокоса девојка ми пријде од никаде и ми кажа ‘јас сум Марла и го сакам вашиот сопруг‘“, пишува Ивана Трамп.

    Трамп ја ожени Марла во 1993 година. Ивана и Доналд оттогаш повторно ги имаат затоплено односите. Таа вели дека разговараат барем еднаш неделно и дека го охрабрува да продолжи да користи Твитер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира