ИЗЛЕКУВАН ВТОР ПАЦИЕНТ СО ХИВ, ОБЈАВИЈА ЛЕКАРИТЕ ВО ЛОНДОН

    ИЗЛЕКУВАН ВТОР ПАЦИЕНТ СО ХИВ, ОБЈАВИЈА ЛЕКАРИТЕ ВО ЛОНДОНАдам Кастилјехо престанал да ја прима терапијата пред 30 месеци

    Маж од Лондон стана втора личност на светот целосно излекувана од ХИВ, објавија лекарите.

    Именуван како Адам Кастилјехо, кај него нема траги од вирусот и 30 месеци откако престанал да ја користи антиретровиралната терапија.

    Тој не бил лекуван со лекови за ХИВ, туку со терапија со матични клетки, што ја примал за канцер, објави магазинот „Лансет“. Донаторите на овие матични клетки имаат невообичаен ген кој им дава заштита од ХИВ, што во случајов делувало и на 40-годишниот Кастилјехо.

    Во 2011 година, Тимоти Браун стана прв човек за кој беше потврдено дека се излекувал од ХИВ, три и пол години откако бил подложен на сличен третман.

    Бидејќи агресивната терапија примарно била користена за лекување на ракот кај Кастилјехо, лекарите велат дека таа не може да се примени врз милиони луѓе низ светот кои живеат со ХИВ. Постојните лекови против ХИВ се покажуваат ефективни, овозможувајќи им на луѓето со ХИВ да имаат долг и здрав живот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира