ИЗРАЕЛСКИ ЗЛАТАР ПРАВИ МАСКА ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЕДНА 1.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НАРАЧАНА ОД КИНЕСКИ БИЗНИСМЕН

    ИЗРАЕЛСКИ ЗЛАТАР ПРАВИ МАСКА ПРОТИВ КОВИД-19 ВРЕДНА 1.5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НАРАЧАНА ОД КИНЕСКИ БИЗНИСМЕНДизајнерот Исак Ливај кажа дека маската од 18-каратно бело злато ќе биде декорирана со 3.600 бели и црни дијаманти, и по барање на купувачот, ќе биде опремена со највисоко заштитни N99 филтри. (Фото: АП)

    Израелска компанија за накит изработува маска од злато со дијаманти, за која вели дека ќе биде најскапа маска за заштита од коронавирус, вредна 1. 5 милиони долари. Дизајнерот Исак Ливај кажа дека маската од 18-каратно бело злато ќе биде декорирана со 3.600 бели и црни дијаманти, и по барање на купувачот, ќе биде опремена со највисоко заштитни N99 филтри.

    Ливај, сопственик на компанијата „Ивел“ рече дека купувачот имал две барања: маската да биде готова до крајот на годината, и да биде најскапа на светот.

    „Второто барање беше најлесниот дел од нарачката“, вели тој и  не го открива идентитетот на купувачот, само кажува дека станува збор за кинески бизнисмен кој живее во САД.

    Со тежина од околу 270 грама, што е за 100 пати повеќе од стандрардните маски, златната маска нема да биде удобна за носење.

    „Не се купува сѐ со пари, но ако човек има пари и сака да носи скапа маска, нека носи. Јас сум среќен дека со оваа зделка, има работа за моите вработени во овие тешки времиња“, рече дизајнерот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари