ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ-НЕПУШАЧИ СО СЛОБОДНИ ДЕНОВИ

    ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ-НЕПУШАЧИ СО СЛОБОДНИ ДЕНОВИКомпанијата утврдила дека за секоја цигара се губат по 15 минути

    Една јапонска компанија ги награди своите вработени-непушачи со дополнителни шест дена одмор, откако тие се пожалиле дека работат повеќе од оние кои си земаат кратки паузи за цигара.

    „Еден од нашите вработени, кој е непушач, остави порака во кутијата за сугестии, жалејќи се дека паузите за пушење создаваат проблеми. Нашиот извршен директор се согласи со ова и на непушачите им одобри дополнителни слободни денови како компензација“, изјави Хиротака Мацушима, портпаролот на маркетиншката компанија „Пијала“ од Токио.

    Бидејќи седиштето на компанијата се наоѓа на 29. спрат, пушачите секој пат мора да се симнуваат во подрумот, па паузите за цигара им траат и по 15 минути.

    „Се надеваме дека со овој потег ќе ги мотивираме вработените да се откажат од пушењето“, вели извршниот директор Такао Асука.

    Откако беше воведен новиот систем во септември, Мацушима вели дека 30 од 120-те вработени ја искористиле оваа поволност и земале слободни денови за одмор со семејството. Исто така, четворица вработени, во меѓувреме, ги оставиле цигарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира