КАЈТСУФРАЊЕТО СТАНА ЛЕТЕН ХИТ ВО ПРЕСПА

    КАЈТСУФРАЊЕТО СТАНА ЛЕТЕН ХИТ ВО ПРЕСПАПосебно поволни за овој адреналински спорт на вода се покажаа туристичките населби Стење и Сливница на Преспанското Езеро. (Фото: СДК.МК)

    На плажите во Преспа летово нова актракција станува кајтсурфингот, спорт за чие име професионалците велат дека нема буквален превод на македонски, но може да се објасни како сурфање со даска на вода при што води летечки змеј (мал параглајдер) на ветер.  Откако поради коронакризата отежнати се патувањата во странство, кајтсурфингот почна да се развива и на македонско тло. Посебно поволни за овој адреналински спорт на вода се покажаа туристичките наслеби Стење и Сливница на Преспанското Езеро.

    Деновиве земјови во најразлични бои го разубавија небото над Стење и Сливница, а туристите на плажата уживаа обидувајќи се да сурфаат водени од леталата.

    Атракцијата ја приредија кајтерите, кои воедно се и параглајдеристи од познатиот македонски клуб „Вертиго“. Нивните моќни летала ги оптегнаа крилата на ветерот под Галичица и Баба, а инструкторите им ги покажаа динамичните движења на заинтересираните да запловат во овој спорт.

    „Оваа година за првпат ја испитуваме како подрачје за кајтсургфинг. Досега сите одевме на одмор надвор и таму ги правевме овие акивности. Дури и малку ме зачуди што толку кајтери има во Македонија. Откако се затворија границите, почнавме да ги испитуваме можностите за развој на овој спорт тука . Има многу езера, многу се убави Мантово, Мавровица, Преспанско, Дојранско, дури и на Охридското се обидовме, но најповолно е во Преспа, во населбите Сливница и Стење. Во зависност од кој правец дува ветерот така и се движиме, кога е на североисток доаѓаме во Стење, а на југ во Сливница“, вели Каролина Смилевска, позната кајтерка и параглајдеристка.

    „Има многу езера, многу се убави Мантово, Мавровица, Преспанско, Дојранско, дури и на Охридското се обидовме, но најповолно е во Преспа, во населбите Сливница и Стење“, вели Каролина Смилевска, позната кајтерка и параглајдеристка. (Фото: СДК.МК)

    Сепак, за развој на овој спорт потребни се поповолни ветрови, односно целодневи. Често се случува да дува поинтензивно 20 минути, а потоа да запре, па кајтерите цел ден да седат на плажа чекајќи да го уловат тој временски период со своите параглајдери.

    „Како што се развива кајтингот, се прават понапредни крила со кои ќе може да се лета на послаб ветер. Кога ќе ни бидат потребни 3 до 4 метри за да се кајта, спортот кај нас ќе биде доста атрактивн“, доава Смилевска.

    Опремата за кајтсурфинг се состои од кајт (мал параглајдер) се врзува околу половината на кајтерот (спортистот) и даска за сурфање. Потребен е силен ветер некаде над 5 до 6 метри во секунда, за со негова помош да почне да влече кајтот, па кајтерот со даската да се лизга по вода.

    „Интерес има. Има многу луѓе кои веќе кајтале или го виделе ова во други земји. Грција е доста популарна за тој спорт каде на островите има константен ветер, а тука кај нас има доста голем интерес откако почнавме да го практикуваме. Примамлив спорт е зашто е на плажа и изгледа атрактивно, а многу е и возбудлив“, велат кајтерите кои ги затекнавме во Стење.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира