КЕЈТ МИДЛТОН ЈА ПОСЕТИ БОЛНИЦАТА ВО КОЈА СЕ ЛЕКУВАШЕ ОД РАК ЗА ДА ИМ ДАДЕ ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕ

    КЕЈТ МИДЛТОН ЈА ПОСЕТИ БОЛНИЦАТА ВО КОЈА СЕ ЛЕКУВАШЕ ОД РАК ЗА ДА ИМ ДАДЕ ПОДДРШКА НА БОЛНИТЕКејт Мидлтон беше во болницата „Ројал Марсден“ во Лондон, водечки светски центар за рак. (Фото: АП)

    Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја посети болницата во која се лекуваше од рак, за да му заблагодари на медицинскиот тим кој ѝ помогна и да им даде поддршка на пациентите кои сега се лекуваат. Кејт Мидлтон беше во болницата „Ројал Марсден“ во Лондон, водечки светски и најсовремен центар за рак познат по своите пионерски истражувања. Претходно не беше откриено дека таа се лекувала таму.

    „Си реков, влегувам овде на предниот влез по толку многу тивки, приватни посети, и всушност е многу убаво“, рече таа кога влезе на главниот влез во болницата. Таа рече дека нејзиниот рак се повлекува и оти останува „фокусирана на закрепнувањето“.

    Нејзината канцеларија во Кенсингтонската палата кажа дека таа постепено ќе продолжи да им се враќа на обврските. Палатата рече дека посетата е одраз на нејзиното „лично искуство со ракот“.

    Кралското семејство лани беше тешко погодено од здравствени проблеми, почнувајќи со најавата во јануари дека кралот Чарлс ќе оди на третман поради проблеми со простатата, а Кејт потоа и дека ќе оди на операција на стомакот. Во февруари, Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс прима третман за неспецифициран тип на рак. Шест недели подоцна, Кејт Мидлтон рече дека и таа се лекува од рак, а во септември лани објави дека завршила со хемотерапија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира