КИНА МУ ПОДАРИ НА ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ТРИР СТАТУА ОД КАРЛ МАРКС ЗА 200-ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕ

    КИНА МУ ПОДАРИ НА ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ТРИР СТАТУА ОД КАРЛ МАРКС ЗА 200-ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО РАЃАЊЕНа церемонијата за отворање на прославата за 200 години од раѓањето на Карл маркс ќе зборува и претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер, а големата статуа, која е подарок од Кина ќе биде откриена утре (Фото: АФП)

    Во југозападниот германски град Трир денес почнува прославата на 200 години од раѓањето на економистот и таткото на комунизмот Карл Маркс, а на церемонијата за отворање на прославата присуствуваа околу 1.000 гости. Утре во Трир ќе биде откриена и голема статуа од Карл Маркс, која е подарок од Кина за годишнината.

    Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе зборува на церемонијата.

    Три големи изложби во Трир, каде Маркес е роден на 5 мај 1818 година, ќе бидат отворени за јавноста почнувајќи од утре.

    Во центарот на градот поставен е дисплеј „Карл Маркс 1818-1883, живот, работа и влијание сè до сегашноста“, каде над 400 експонати од над десетина германски држави ќе бидат изложени во двата музеи во Трир.

    Две партнерски изложби ќе бидат отворени во градскиот музеј, како и во родната куќа на Карл Маркс.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира