КИНЕЗОТ ЛУ ЈУГВАНГ Е ЕДИНСТВЕНИОТ СТРАНСКИ НОВИНАР КОЈ ИМА ПРИСТАП ДО РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНА

    КИНЕЗОТ ЛУ ЈУГВАНГ Е ЕДИНСТВЕНИОТ СТРАНСКИ НОВИНАР КОЈ ИМА ПРИСТАП ДО РУСКИТЕ СИЛИ ВО УКРАИНАЛу е искусен воен репортер на кинеската телевизија „Феникс“

    „Јас сум на фронтот во Мариупол“, вели кинескиот новинар Лу Југванг, стоејќи покрај пат додека поминуваат руски тенкови, а потоа зема изјави од руски војници.

    Лу е искусен воен репортер на кинеската телевизија „Феникс“ и единствен странски новинар за кој се знае дека има пристап до руските сили откако тие ја почнаа инвазијата на Украина пред три недели. Тој известуваше од повеќе градови што Русите ги напаѓаат, вклучувајќи го Мариупол, каде што наводно загинале илјадници цивили.

    Лу изгледа како да има ексклузивен пристап до руската страна на војната. На 2 март го интервјуираше лидерот на самопрогласената народна република Доњецк, Денис Пушилин.

    „Милицијата на Доњецк не може да се споредува со украинските сили, но со помош на руските сили има ослободено 40 населени места“, извести Лу.

    Покрај тоа што Путин изврши силен притисок врз независните медиуми во Русија, оттаму се повлекоа и сите странски медиуми откако почна инвазијата, а нов закон предвидува казни до 15 години затвор за ширење „лажни вести“ за воената операција во Украина.

    Лу е добро познат новинар во Кина, но има и силни врски со Русија, каде што студирал новинарство и добил бројни награди. Од „Феникс ТВ“ не коментираа како тој добил пристап до руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира