КРЕМОТ НА ШОУ-БИЗНИСОТ НА ГАЛА-КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЛАГЕРФЕЛД (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    КРЕМОТ НА ШОУ-БИЗНИСОТ НА ГАЛА-КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЛАГЕРФЕЛД (ФОТОГАЛЕРИЈА)Топ моделот Кара Делавињ на комеморацијата „Карл засекогаш“ во чест на славниот дизајнер кој почина во февруари (Фото: Гети)

    Клаудија Шифер, Ана Винтур, Валентино, Карла Бруни-Саркози, Стела Макартни, принцезата Каролина од Монако и Џиџи Хадид беа меѓу 1.000-те ВИП гости на комеморацијата за модната икона Карл Лагерфелд. „Шанел“, „Фенди“ и неговиот бренд заедно го организираа 90-минутниот омаж, кој беше опишан како грандиозен спектакл во чест на животот и творештвото на легендарниот дизајнер кој почина во февруари.

    Британската креаторка Стела Макартни и уредничката на „Вог“ Ана Винтур меѓу гостите (Фото: „Њујорк тајмс“)

    „Карл засекогаш“ се одржа во Гран Пале во Париз, омиленото место за на Лагерфелд, кое редовно го трансформираше за неговите славни ревии.

    „Мразам погреби, побрзо би умрел“, говореше Лагерфелд, кој беше кремиран на приватна церемонија.

    Манекенката Кара Делавињ, актерката Тилда Свинтон, пејачот Фарел Вилијамс и оскаровката Хелен Мирен (Фото: Гети)

    Присуството на гости од Брижит Макрон до Луис Хамилтон само го потврдува значењето на седумдецениската кариера во фотографијата, уметноста и дизајнот. Гостите седеа на црно-бели столчиња, наредени како шаховска табла, помеѓу портрети на Лагерфелд. Говореа ѕвезди како Тилда Свинтон, Хелен Мирен и Кара Делавињ, а настапија ѕвезди како Фарел Вилијамс и кинескиот пијанист Ланг Ланг.

    Топ моделот Џиџи Хадид (Фото: Гети)

    Во март „Шанел“ му посвети ревија на славниот дизајнер, а пак „Фенди“ ќе организира настан следниот месец.

    Клаудија Шифер (Фото: Гети)

    Принцезата Каролина од Монако со ќерките и Брижит Макрон (Фото: Ел)

    Гостите седеа на црно-бели столчиња, наредени како шаховска табла, помеѓу портрети на Лагерфелд (Фото: АП)

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира