ЛЕТОТО ПРИСТИГНА СО ДЕЛУМНО ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТО

    ЛЕТОТО ПРИСТИГНА СО ДЕЛУМНО ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТОСонцето изгрева зад карпестиот срт на мегалитската опсерваторија Кокино, исполнета со астрономски камени маркери (Фото: Ѓ. Личовски)

    Десетици луѓе, традиционално пред изгрејсонцето, се собраа на мегалитската опсерваторија Кокино, 80 километри североисточно од Скопје, за да ги поздрават доаѓањето на летото и долгоденицата – најдолгиот ден во годината.

    Делумното помрачување на Сонцето видено од Кокино (Фото: Ѓ. Личовски)

    Опсерваторијата стара 4.000 години користела стационарно набљудување за означување на позицијата на Сонцето при долгоденица, краткоденица и рамноденица.

    Најдолгиот ден во годината овојпат се совпаѓа со ретко прстенесто помрачување на Сонцето, кое во својот полн обем ќе биде видливо од 12 држави во Африка и Азија. Вакви прстенести помрачувања се случуваат кога Месечината поминува меѓу Земјата и Сонцето, но недоволно блиску до нашата планета за целосно да ја замагли сончевата светлина.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари