ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА И „ЗАВАР ДИЗАЈН“ СО КРЕАЦИИ ОД МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ЈОВАНКА БРОЗ ЗА МОДНАТА РЕВИЈА ВО ПАЛАТАТА СРБИЈА

    ЛИДИЈА ГЕОРГИЕВА И „ЗАВАР ДИЗАЈН“ СО КРЕАЦИИ ОД МАТЕРИЈАЛИТЕ НА ЈОВАНКА БРОЗ ЗА МОДНАТА РЕВИЈА ВО ПАЛАТАТА СРБИЈАДизајните на Георгиева беа инспирирани од идејата за  „Златен кафез“ како нејзина интерпретација на зададената тема. (Фото: Ѓ. Томиќ)

    Македонската дизајнерка Лидија Георгиева заедно со Марта Наумовска-Грнарова од „Завар дизајн“ учествуваа на ревијата „Јованка во боја“ на 50. Модна недела во Белград, со модели направени од оригинални материјали кои Јованка Броз ги добивала на патувањата со Јосип Броз Тито низ светот. Ревијата се одржа на 29 ноември, во Палата Србија во Белград.

    Настанот е специфичен по тоа што 22 дизајнери од Србија и земјите од поранешна Југославија се претставија со модели инспирирани од ликот и делото на Јованка Броз, и тоа токму на 29 ноември, денот кога се славеше југословенскиот Ден на Републиката. На ревијата се претставени 40-тина парчиња, меѓу кои и неколку оригинални фустани кои Јованка Броз ги носела на специјални настани.

    Дизајните на Георгиева се изрботени од зелена шантунг свила и од луксузен свилен брокат. (Фото: Ѓ. Томиќ)

    Георгиева е единствен дизајнер од Македонија, а учествува со компанијата „Завар дизајн“. Дизајните кои ги презентираше беа инспирирани од идејата за  „Златен кафез“ како нејзина интерпретација на зададената тема.

    Српската пејачка Констракта, годинашна претставничка на Евровизија, беше манекенка на ревијата. (Фото: Ѓ. Томиќ)

    „Голема чест и привилегија беше да се учествува на ваков настан. Самото место на одржување беше несекојндневно и импресивно, полно со измешани емоции за сите нас, и учесниците и публиката. Историскиот карактер и дизајн на овој центар на моќ, изграден од Тито, е и денес уредно сочуван, со огромни уметнички дела, слики, скулптури и декорација, па целосниот впечаток е навистина едно нуркање во минатото, на достоинствен начин и со почит. На ревијата имаше 40-тина дизајни, меѓу кои нашите беа доста забележани, добивме многу комплименти од сите страни. Изработени се од историски материјали кои биле сопственост на Јованка Броз, едниот изглед е геометриски строго обмислена пелерина и пантолани од зелена шантунг свила. Другиот изглед е фустан од луксузен свилен брокат со историски референци од средината на минатиот век. Целокупниот дизајн е обмислен со концепт на ‘Златен кафез’, така што и двата изгледи се заокружени со уникатни модни додатоци изработени во соработка со Марта Наумовска-Грнарова, ‘Завар дизјан’.  Со помош на нејзината инженерска и креативна енергија, им дадовме приказна на овие дизајни, кои беа забележани уште од самиот почеток. Ние таму настапивме како екипа од нашата земја и слободно можам да кажам од името на двете, дека имавме историски егзотично и уникатно искуство. Модата е навигација меѓу минатото и иднината, а во овој случај спој на дизајнерски и инзенерски вештини“, ни изјави Георгиева.

    Дел од ревијата беше и оригиналната униформа на Јованка Броз од Втората светска војна. (Фото:

    Според организаторите, една од идеите на ревиите е и да се истакне моќта на модата како уметност, затоа што модата е и уметност, а тоа е и пораката на јубилејната 50. Модна недела. Како што може да се види преку примерите на Јованка Броз, моќта на модата го надминува облекувањето, туку може да биде дел и од културната дипломатија.

    „Оваа ревија е омаж на Јованка Бриз и нејзиниот моден тестамент и не се знаимава само со нејзиниот стил, туку со нејзиното влијание на модата бидејќи значајлно влијаела на раздвижувањето на текстилната и модна индустрија во Југославија. Драго ми е што покажавме дека новото културно наследтсво на прекрасен начин може да ги инспирира уметниците од напиот поширок регион“, изјави Ненад Радујевиќ, основач на Модната недела.

    На ревијата учествуваа и србски актерки, пејачки и јавни личности, а присутна беше и сестрата на Јованка, Нада Будисављевиќ.

    Сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, рече дека Јованка Броз имала некој вид визуелна скромност, иако често, носела креации на Пјер Карден.

    „Од друга страна, морала со сета своја појава да ја поддржува високата функција на сопругот, кого го придружувала на активностите. Госпоѓа Броз умеела да ги спои тие две барања со доза на ноншалантност која ја манифестираше толку природно што веднаш заборававме на големите имиња од високата мода, ги заборававме нејзиниот воен чин и минато и ја прифаќавме како дел од светскиот џет сет“, рече Тамара Вучиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира