„ЛУФТХАНЗА“ ГИ ПОВЛЕЧЕ АВИОНИТЕ ШТО ГИ ПОЗАЈМИ НА „ЛАУДАМОУШН“ И СЕ СКАРА СО „РАЈАНЕР“

    „ЛУФТХАНЗА“ ГИ ПОВЛЕЧЕ АВИОНИТЕ ШТО ГИ ПОЗАЈМИ НА „ЛАУДАМОУШН“ И СЕ СКАРА СО „РАЈАНЕР“„Лаудамоушн“ беше создадена врз темелите на „Ники ерлајнс“, што пропадна минатата година

    Откако „Лаудамоушн“ беше преземена од „Рајанер“, „Луфтханза“ го раскина договорот за деветте авиони што ѝ ги имаше дадено на заем на авиокомпанијата, основана од поранешниот Формула 1 шампион, Ники Лауда.

    Тоа е речиси половина од флотата на „Лаудамоушн“, која беше создадена врз темелите на „Ники ерлајнс“, што пропадна минатата година по банкротот на „Ер Берлин“. По преземањето од „Рајанер“, зделка што беше одобрена од Европската Унија, во новата авиокомпанија требаше да бидат вложени 100 милиони евра.

    Од „Рајанер“ ја обвинија „Луфтханза“ дека на овој начин се обидува да ја дестабилизира новата компанија.

    „‘Лаудамоушн‘ сега е под закана од ‘Луфтханза‘, која се обидува да ги повлече своите девет авиони, што беше обврзана да ѝ ги даде на австриската компанија, за да може таа да ја рестартира својата работа. На тој начин, ‘Луфтханза‘ се обидува да го дестабилизира и да му наштети на ‘Лаудамоушн‘“, соопштија од „Рајанер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира