ЛУЃЕТО ВО КОРОНАКРИЗАТА ПОВЕЌЕ СОНУВААТ ЗА СМРТ, ИЗГУБЕНИ ПАСОШИ И РАКУВАЊА, ОТКРИ ФИНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ЛУЃЕТО ВО КОРОНАКРИЗАТА ПОВЕЌЕ СОНУВААТ ЗА СМРТ, ИЗГУБЕНИ ПАСОШИ И РАКУВАЊА, ОТКРИ ФИНСКО ИСТРАЖУВАЊЕЕкспертите за соништа велат дека луѓето најчесто ги сонуваат дневните искуства. (Фото: Илустрација на К. Станлон за „Лос Анџелес тајмс“)

    Луѓето во време на коронакриза сѐ почесто сонуваат прегратки, ракувања, изгубени пасоши, затворени граници, простори со многу народ како и кошмари поврзани со смрт, стои во истражувањето кое го спроведоа научници од Универзитетот во Хелсинки за тоа како влијае пандемијата врз соништата на луѓето.

    Околу 4.000 волонтери ги споделиле своите соништа со научниците, кои велат дека нивните искуства се поврзани со ограничувањата во пандемијата, како на пример физичката дистанца.

    „Вообичаено, сонувањето е приватно нешто. Но, кога околината се менува толку брзо за толку краток временски период, изгледа дека луѓето ги делат асоцијациите“, вели раковидителката на истражувањето и психолог Ану-Катрина Песонен.

    Нејзиниот тим користел алгоритам за да ги групира темите на соништата во категории и откриле дека третина од тие биле поврзани со пандемијата на ковид-19. Повеќе од четвртина од волонтерите пријавиле дека почесто имаат кошмари отколку пред коронакризата, а третина од нив почесто се будат во текот на ноќта. Истражувањето покажа дека и повеќе од половина од испитаниците спиеле повеќе од вообичаено, што се препишува на фактот дека луѓето работеа од дома.

    Други научници кои не биле вклучени во истражувањето велат дека финските резулатите не треба да се гледаат на глобално ниво. Австрискиот психолог и експертка за соништа Бригит Холцингер вели дека резулатите на Финска се должат на тоа дека луѓето најчесто ги сонуваат дневните искуства.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира