МАЈМУНИ УКРАЛЕ ПРИМЕРОЦИ ОД КРВ НА ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ТЕСТИРААТ НА КОРОНАВИРУС

    МАЈМУНИ УКРАЛЕ ПРИМЕРОЦИ ОД КРВ НА ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ТЕСТИРААТ НА КОРОНАВИРУСМајмуните го нападнале лаборантот во болница и му ја украле кутијата со примероците (Фото: Гети)

    Група мајмуни украла примероци од крв на пациенти кои се тестираат на коронавирус во владина болница во индиската сојузна држава Утар Прадеш.

    „Инцидентот се случил кога лаборант вработен во одделот за КОВИД-19 во болницата носел примероци од крв на тестирање“, изјави шефот во болницата, С. К. Гарг.

    Според него, мајмуните го нападнале лаборантот и му украле кутија со три примероци од крв. Мајмуните избегале на дрво со украдените примероци и ги фрлиле откако ги изџвакале опаковките.

    Од болницата кажаа дека ниту едно лице на дошло во контакт со примероците и дека областа е дезинфицирана.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари