МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ, КОЈ СО НЕКРОЗА НА НОГАТА ГО ПРЕПЛИВА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, БЕСПЛАТНО ЌЕ ТРЕНИРА ВО ОХРИДСКИОТ БАЗЕН

    МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ, КОЈ СО НЕКРОЗА НА НОГАТА ГО ПРЕПЛИВА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, БЕСПЛАТНО ЌЕ ТРЕНИРА ВО ОХРИДСКИОТ БАЗЕНПејчиноски лани на крајот на август го преплива Охридското Езеро, на патеката од Свети Наум до Охрид (Фото: СДК.МК)

    Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски кој лани  на 28 август со некроза на ногата го преплива Охридското Езеро, на патеката од Свети Наум до Охрид, ќе може бесплатно да го користи базенот што се наоѓа во рамките на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.

    „Ние ги прифативме сите предложени млади и талентирани спортисти кои аплицираа на јавниот конкурс и со тоа им се овозможува бесплатно користење на спортската инфраструктура што ја стопанисува претпријатието, а се однесува на спортот кој го претставуваат. Марко Пејчиноски (пливање), Стојан Стојановски, Ана Стојановска, Павел Стефковски, Ива Кецкарова, Мина Петреска, Матеја Билбилоска и Јована Кецкарова (тенис) се младите и талентирани спортисти кои аплицираа и на кои ќе им се овозможи бесплатно окористење на градски базен и тениски терени“, вели директорката „Билјанини извори” Гордана Јованоска.

    Марко плива два пати неделно откако лекарите му кажаа дека пливањето во овој период за него е најдобра терапија. Некроза на ногата е заболување кое го попречува нормалниот проток на крв ногата поради што се јавуваат проблеми со моториката.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира