МЕРКЕЛ ПАЗАРЕЛА САПУН, ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И ВИНО ОТКАКО ПОБАРА ОД ГЕРМАНЦИТЕ СОЦИЈАЛНО ДА СЕ ДИСТАНЦИРААТ

    МЕРКЕЛ ПАЗАРЕЛА САПУН, ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И ВИНО ОТКАКО ПОБАРА ОД ГЕРМАНЦИТЕ СОЦИЈАЛНО ДА СЕ ДИСТАНЦИРААТГерманската канцеларка на 11 март изјави дека коронавирусот би можел да зарази 60-70% од германската популација. Ангела Меркел во локалниот супермаркет (Фото: Билд)

    Германската канцеларка Ангела Меркел викендов беше забележана од репортерите на весникот Билд како купува основни продукти во нејзиниот локален супермарект.

    Таа побара од германските граѓани да седат дома и да практикуваат социјално дистанцирање како мерки во борбата со коронавирусот.

    Весникот во своето интернет издание објави кусо видео на кое се гледа Меркел како во мала количка за пазарење ставила сапун, пакетче конзервирани цреши, две пакетчиња тоалетна хартија и четири шишиња вино, а на касата плаќа со кредитна картичка.

    Според податоците на Светската здравствена организација, Германија во сабота имаше пријавено 22.213 заболени од коронавирус. Од нив починале 84 лица.

    Германската канцеларка на 18 март изјави дека „од обединувањето на Германија, поточно од Втората светска војна, никогаш немало поголем предизвик за нацијата, кој бара заедничка акција“. Таа една недела претходно, на 11 март изјави дека „коронавирусот би можел да зарази 60-70% од германската популација“.

    За разлика од Италија, Шпанија и Франција, во Германија досега не е прогласен карантин, но земјата ги затвори границите за оние кои не се државјани на Европска Унија, ги ограничи патувањата и затвори голем број јавни места.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари