МИК ЏЕГЕР ЌЕ ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТО

    МИК ЏЕГЕР ЌЕ ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТОЛекарите очекуваат Џегер да се врати на сцена на лето (Фото: Шатерсток)

    Мик Џегер ќе оди на операција на срцев залисток, поради што „Ролинг стоунс“ на подолг период ќе ја откажат својата турнеја во Северна Америка, што требаше да почне овој месец. Таа беше одложена во саботата, но од групата тогаш не појаснија за какви здравствени проблеми на Џегер станува збор.

    Седумдесет и петгодишниот Џегер ќе биде опериран в петок во Њујорк и се очекува целосно да заздрави, пред да се врати на сцена на лето.

    „Мик Џегер беше советуван од лекарите да не оди на турнеја, бидејќи му е потребен третман. Лекарите очекуваат тој целосно да заздрави и да се врати на сцена“, кажа претставник на групата.

    Северноамериканскиот дел од светската турнеја „Без филтер“ требаше да почне на 20 април и притоа беа планирани 17 настапи во САД и Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира