МЛАДИТЕ ЈА ВРАЌААТ МОДАТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК, ВО ЛОНДОН СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КАКО ВИТЕЗИ НА ВЕЛОСИПЕДИ

    МЛАДИТЕ ЈА ВРАЌААТ МОДАТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК, ВО ЛОНДОН СЕ НАТПРЕВАРУВААТ КАКО ВИТЕЗИ НА ВЕЛОСИПЕДИВо источен Лондон, двајца мажи организирале необичен витешки двобој на изнајмени велосипеди, користејќи пластични цевки наместо копја (Фото: Алами)

    Средновековните витези, оклопите и костимите стануваат сѐ попопуларни меѓу младите, а новиот тренд веќе се забележува во модата, музиката и уметноста. Во источен Лондон, двајца мажи организирале необичен витешки двобој на изнајмени велосипеди, користејќи пластични цевки наместо копја.

    Интересот за средниот век се проширува и на модните писти. Модните куќи „Живанши“, „Луј Витон“ и „Макс Мара“ претставија креации инспирирани од средновековната облека, вклучувајќи делови што потсетуваат на оклопи и традиционални покривки за глава.

    Австралискиот пејач Трој Сиван во спотот за новата песна „Парти“ се појавува како средновековен витез, додека уметникот Корбин Шо организирал изложба инспирирана од старите народни прослави, на кои обичните луѓе можеле да ги исмеваат богатите.

    „Некои од начините на кои современите уметници и модни дизајнери го користат средниот век се насочени кон радоста и разиграноста“, вели Марион Тарнер, професорка по англиска литература на Универзитетот во Оксфорд.

    Според културните аналитичари, привлечноста на средновековната естетика не е само во необичната облека и забавата. Таа е поврзана и со желбата на младите за поголема заедништво, слобода на изразување и преиспитување на општествените правила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира