Музејот на модерна уметност (МоМа) во Њујорк, еден од најреномираните светски музеи, од 15 јуни нема да работи четири месеци, а повторно ќе се отвори на 21 октомври. Со реновирањето, Музејот ќе добие поголем изложбен простор од 3.700 квадратни метри, проширување за една третина од сегашниот.
Музејот соопшти дека целта на проектот од 400 милиони долари, е „да им даде поголемо значење на креативните афинитети со изложување цел спектар од медиуми заедно: од сликарство до архитектура, танц или филм“. На реновирањето работат њујоршките архитекти Дилер Скофидио и Ренфро.
На средина ќе има простор наречен Студио, каде ќе се емитуваат настани во живо и ќе се изведуваат перформанси. На проширеното приземје ќе има галерии, со цел уметноста да се доближи до публиката.
На горните галерии, ќе се изложат дела во сите дисциплини од уметници од повеќе различни географски предели, за разлика од минатото. Меѓу првите изложби кои ќе се отворат по реновирањето е поставката на модерната јужноамериканска уметност.