МСУ ГИ ПОВИКА АРХИТЕКТИТЕ ДА ПОНУДАТ ПРОЕКТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СКАЛИТЕ И ПЛАТОТО

    МСУ ГИ ПОВИКА АРХИТЕКТИТЕ ДА ПОНУДАТ ПРОЕКТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СКАЛИТЕ И ПЛАТОТОПриватната донација во висина од 600 илјади денари доаѓа од повеќе субјекти и е наменета за изведба на градежните работи неопходни за санацијата (Фото: МСУ)

    Музејот на современа уметност (МСУ) објави повик до сите архитекти за изработка на идеен проект за партерно уредување и санација на скалите и платото пред Музејот. На повикот, кој ќе трае 20 дена, со свое оригинално решение можат да се пријават сите архитекти носители на лиценца А, а иницијативата е од хуманитарен карактер.

    „Иницијативата за санација на скалите и платото пред Музејот е резултат на приватна донаторска акција, заради што МСУ ги повикува и архитектите заинтересирани за овој повик да го донираат идејното решение. Со тоа, ќе ја поддржат донацијата, ќе ја зголемат нејзината вредност за музејот и ќе допринесат за единствен краен резултат“, велат од МСУ.

    Приватната донација во висина од 600 илјади денари e собрана од Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“ и нејзините пријатели, кои минатиот месец, за нејзиниот 45. роденден, место подароци донираа пари за реконструкција на приодните скали и платото на Музејот.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира