СКАЛИТЕ И ПЛАТОТО ПРЕД МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ СО ЛИЧНА ДОНАЦИЈА НА ОЛГА КОСТОВСКА И ПРИЈАТЕЛИТЕ

    СКАЛИТЕ И ПЛАТОТО ПРЕД МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ СО ЛИЧНА ДОНАЦИЈА НА ОЛГА КОСТОВСКА И ПРИЈАТЕЛИТЕ„Музејот на современата уметност веќе неколку години го има Еуролинк осигурување за свој најголем поддржувач и пријател - директорката на музејот Мира Гаќина и донаторката Олга Костовска роденденската забава- (Фото: МСУ)

    Скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје ќе се реконструираат со лична донација од Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување, соопшти Музејот. Донацијата во износ од 600.000 денари е собрана од Костовска и нејзините пријатели, кои за нејзиниот 45. роденден, место подароци донираа пари за реконструкција на приодните скали и платото на Музејот со што ќе се овозможи полесен пристап и нов изглед на платото, кои ќе го направат Музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

    „Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и г-ѓа Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател. Таа е позната во јавноста како успешна жена во македонскиот бизнис, мецена на културата, уметноста и образованието и голем донатор, која знае да го даде својот придонес онаму каде што е најпотребно“, велат од Музејот на современата уметност, од каде се заблагодаруваат на Олга Костовска и нејзините пријатели за оваа значајна донација.

    Само за Музејот на современа уметност со поддршка од Еуролинк осигурување досега се реализирани неколку проекти како што се отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар, издавањето каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот, а се олеснува и реализацијата на редовните музејски годишни активности.

    „Еуролинк осигурување“ веќе петта година ја спроведува програмата за корпоративна одговорност „Вашата врска со вистинските вредности. Компанијата е на втората пазарна позиција во осигурителниот бизнис, но е на прво место со вложени пари во заедницата со над 50 милиони денари во културата, уметноста, образованието и здравството.

    И минатата година роденденот на првата жена на „Еуролинк“ Олга Костовска беше организиран како хуманитарна забава на која гостите наместо подароци и цвеќе даваа донации за Детската болница за белодробни заболувања во Козле. Од донациите на гостите беа собрани околу 10.000 евра, а „Еуролинк“ донираше дополнителни 20.000 евра за да се набави потребната опрема за одделот за интензивна нега.

    Б. НЕСТОРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира