ШЕЌЕРИНСКА СО ДРЕС БРОЈ 30 КАКО 30-ТА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО НА ТРКА ЗА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТА

    ШЕЌЕРИНСКА СО ДРЕС БРОЈ 30 КАКО 30-ТА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО НА ТРКА ЗА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТАМеѓу 270-те учесници на трката беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Зоран Јанковиќ и евроамбасадорот Самуел Жбогар. (Фото: К. Попов)

    Во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата денеска на кејот на Вардар во Скопје се одржа трка во рамки на одбележување на 70-годишнината од НАТО.

    Трката ја отвори шефот на Канцеларијата за врски на НАТО Зоран Јанковиќ, а трчаа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генераштабот Васко Ѓурчиновски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставници на военодипломатскиот кор.

    Шеќеринска носеше дрес со број 30, како симболика за 30-та земја членка на НАТО.

    Вкупно, трчаа околу 270 натпреварувачи на 3 и на 5 километри.

    „Денеска и симболично покажавме дека сите овие години трчавме кон нашата заедничка цел, а тоа е НАТО членството и таа трка за жал беше потешка од денешнава, и од трите и од петте километри. Таа траеше подолго време и бараше многу напори и одрекувања“, кажа Шекеринска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари