НАСА ИМЕНУВАШЕ КАМЕН НА МАРС СПОРЕД „РОЛИНГ СТОУНС“

    НАСА ИМЕНУВАШЕ КАМЕН НА МАРС СПОРЕД „РОЛИНГ СТОУНС“Името на каменот беше соопштено на концертот на „Ролинг стоунс“ во Пасадена (Фото: АП)

    Камен на Марс официјално беше именуван од НАСА во чест на „Ролинг стоунс“.

    Станува збор за мал камен што вселенското летало „ИнСајт“ минатата година го сними како се тркала по површината на Марс и неговото ново име беше претставено за време на концертот на легендарните британски рокери на стадионот „Роуз бол“ во Пасадена, Калифорнија.

    „НАСА ни подари нешто за што отсекогаш сме сонувале, наш сопствен камен на Марс. Не ни се верува“, ѝ кажа Мик Џегер на публиката.

    Името беше соопштено од актерот Роберт Дауни Џуниор, кој се качи на сцената пред почетокот на концертот.

    Каменот, не поголем од топче за голф, се стркала околу еден метар при слетувањето на „ИнСајт“ на површината на Марс на 26 ноември и ги освои симпатиите на сите во НАСА.

    „Сум видел многу марсовски камења во мојата кариера, но ова ми е најкул“, изјави геологот на НАСА, Мет Голомбек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира