НАУЧНИЦИ РАЗВИЛЕ ЕДНОСТАВЕН КРВЕН ТЕСТ ШТО МОЖЕ ДА ОТКРИЕ НАД 50 ТИПОВИ РАК

    НАУЧНИЦИ РАЗВИЛЕ ЕДНОСТАВЕН КРВЕН ТЕСТ ШТО МОЖЕ ДА ОТКРИЕ НАД 50 ТИПОВИ РАКТестот би можел да помогне во раното дијагностицирање тумори (Фото: Гети)

    Едноставен крвен тест може да препознае повеќе од 50 типови рак, и тоа пред да се појават какви било симптоми, објавија научници. Тие додаваат дека тоа би можело да помогне во раното дијагностицирање тумори, кога тие полесно и поуспешно можат да се лекуваат.

    Во студијата објавена во медицинското списание „Онколошки анали“ се вели дека повеќе од 99% од позитивните резултати биле точни. Ова веќе се тестира на пациенти, но ќе бидат потребни уште истражувања.

    Тестот функционира така што бара хемиски промени во парчиња генетски код кои протекуваат од тумори во крвотокот.

    Истражувачи од САД и Велика Британија испитале околу 4.000 примероци од пациенти, од кои некои биле болни од рак, при што биле вклучени повеќе од 50 типови канцер. Во 96% примероци, тестот успеал прецизно да утврди за кој тип на рак станува збор.

    „Се чини дека овој тест има сѐ што е потребно за да може да се користи на голема популација, како скрининг за повеќе типови рак. Тој веќе почна да се применува во клинички тестирања, но пред да стане редовен, ќе треба да се направат уште истражувања“, изјави Џеф Окснард, еден од водачите на истражувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира