НЕ ЈА ЗАШТИТУВАЈТЕ ОКОЛИНАТА ОД СВОИТЕ ДЕЦА, ОСТАВЕТЕ ГИ ДА БИДАТ ОНА ШТО СЕ, ВЕЛИ МАЈКА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМ

    НЕ ЈА ЗАШТИТУВАЈТЕ ОКОЛИНАТА ОД СВОИТЕ ДЕЦА, ОСТАВЕТЕ ГИ ДА БИДАТ ОНА ШТО СЕ, ВЕЛИ МАЈКА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМИрена Лозана е мајка на 10-годишно дете со аутистичен спектар и атипичен развој, активистка и јога и зумба иструкторка за деца со попреченост (Фото: принтскрин од видео)

    Mногу е важно самите семејства на деца со нетипичен развој да не се трудат да ги заштитат другите од своите деца, од страв да не повредат или навредат некого, туку да си ги остават децата да бидат она што сѐ, вели Ирена Лозана, мајка на 10-годишно дете со аутистичен спектар и атипичен развој.

    Ирена е мајка на три деца и борка за правата на лицата со попреченост, јога и зумба иструкторка за деца со попреченост. Таа смета дека родителите треба пред сè да внимаваат на себеси и да се обидат да бидат среќни, оти без оглед дали имаат деца со типичен или нетипичен развој, тие се пример за своите деца.

    Во интервју за проектот „Медиумско претставување на мајки на лица со попреченост“ на Здружението за едукативен развој- ЕКВАЛИС, Ирена зборува како таа и нејзиното семејство гледаат на попреченоста, за нејзиното напуштање на работното место, одлуката да се занимава со работа со деца со попреченост и како околината гледа на нејзиното дете.

    Целото интервју со Ирена Лозана е на овој линк.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари