НЕ ЈАДЕТЕ СНЕГ АКО Е СТАР ДВА ДЕНА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ НА РОМАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

    НЕ ЈАДЕТЕ СНЕГ АКО Е СТАР ДВА ДЕНА, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ НА РОМАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

    Универзитет во Романија спроведе истражување колку е сигурно да се јаде снег и сега ги објави резултатите.

    Иштван Мате, професор на Унгарскиот универзитет на Трансилванија, изјави дека експериментот од 2017 година покажа дека е безбедно да се јаде снег што е стар половина ден и е посигурен да се јаде во постудени месеци. Ако е стар два дена, тогаш веќе не треба да се јаде.

    За да го спроведат експериментот, научниците собрале снег од парк и од една обиколница во централна Романија во јануари и февруари и го ставиле во херметички затворен стерилен контејнер. Тие потоа се обиделе да развијат бактерии и мувла во него. По еден ден, во јануари имало пет бактерии на милиметар снег, а во февруари, нивниот број се зголемил за четири пати.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари