НЕПОЗНАТИ ШЕГАЏИИ ЛЕПАТ ЛАЖНИ ШТЕКЕРИ НА ВИДНИ МЕСТА НА АЕРОДРОМИ

    НЕПОЗНАТИ ШЕГАЏИИ ЛЕПАТ ЛАЖНИ ШТЕКЕРИ НА ВИДНИ МЕСТА НА АЕРОДРОМИЛажните штекери можат да се најдат на ѕидови, корпи за ѓубре и на други јасно видливи места (Фото: Твитер)

    Да се пронајде достапен штекер на аеродром знае да биде фрустрирачко искуство.

    Во тоа дефинитивно не помага она што се чини како група шегаџии, кои оставаат лепенки во вид на лажни штекери на ѕидови, корпи за ѓубре и на други јасно видливи места. Нивните акции почнаа предупредувачки да се објавуваат на Твитер од оние кои наседнале.

    Овие лепенки обично имаат и лажна сенка, па оддалеку не може да се сфати дека сте биле жртва на измама.

    „Изгледа многу реално. Зошто некој би ставил лепенка штекер на ѕид? Наседнав!“, напиша еден корисник на Твитер.

    (Фото: Твитер)

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари