НИЕ НЕ ДОАЃАМЕ, МУ ПОРАЧАА НОРВЕЖАНИТЕ НА ТРАМП

    НИЕ НЕ ДОАЃАМЕ, МУ ПОРАЧАА НОРВЕЖАНИТЕ НА ТРАМППосака во САД да се доселуваат повеќе луѓе од Норвешка место од Хаити и Африка. - Доналд Трамп (Фото: АП)

    Голем број Норвежани го отфрлија предлогот на Доналд Трамп да се доселат во САД, откако тој се пожалил дека на неговата земја не ѝ требаат повеќе мигранти од „посрани држави“, алудирајќи на Хаити, Ел Салвадор и Африка.

    Норвешка е држава со најголемиот бруто домашен производ по глава на жител во светот и лани беше прогласена за најсреќна нација.

    Трамп ја спомна Норвешка како позитивен пример на состанокот со сенатори од двете партии во Белата куќа, на којшто се дискутирало за новиот договор за имигрантите.

    „Зошто ни доаѓаат сите тие луѓе од тие посрани држави, ни требаат повеќе луѓе од држави како Норвешка“, наводно рекол Трамп.

    „Во името на Норвешка: благодарам, но не благодарам“, напиша на Твитер норвешкиот политичар Торбјерн Сетре.

    Хаити и Африканската унија побараа извинување од Трамп, при што неговите зборови многумина ги опишаа како расистички.

    „Ние не доаѓаме. Поздрав од Норвешка“, напиша една жена на Твитер.

    Стотици илјади Норвежани емигрирале во САД во 19. век, но само 502 се преселиле таму во 2016, а лани – 59, според официјалната статистика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира