НОВ РОД НА ОСА ИМЕНУВАН СПОРЕД ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВО ЧЕСТ НА НЕГОВИОТ 100. РОДЕНДЕН

    НОВ РОД НА ОСА ИМЕНУВАН СПОРЕД ДЕЈВИД АТЕНБОРО ВО ЧЕСТ НА НЕГОВИОТ 100. РОДЕНДЕННаучниците од Природонаучниот музеј во Лондон му оддадоа почит на светски познатиот документарист (Фото: Гети)

    Има гуштери, лилјаци, жаби, црви, полжави и пајаци именувани по него. Но, Дејвид Атенборо може да го прослави својот 100. роденден со сосема нов род именуван во негова чест.

    Научниците од Природонаучниот музеј во Лондон му оддадоа почит на светски познатиот документарист за неговиот 100. роденден на 8 мај, опишувајќи нов род паразитски оси и нов вид пронајден во збирките на Музејот.

    Attenboroughnculus tau е енигматична оса со тело долго само 3,5 милиметри. Името на видот tau се однесува на впечатлива ознака во форма на буквата Т на стомакот на инсектот.

    Примерокот бил собран во 1983 година во Чиле, но лежел заборавен во несортирана фиока во Природонаучниот музеј сè до неодамна, кога неговите необични карактеристики ги забележал еден волонтер за време на детално испитување на колекциите на оси.

    Кога бев млад, учев за таксономијата од серијалот ‘Животот на Земјата‘ на Дејвид Атенборо и решив да станам таксономист. На крајот навистина станав таксономист, па за тоа треба да му се заблагодарам на сер Дејвид“, рече Гевин Брод, главен куратор за инсекти во Природонаучниот музеј.

    Сè уште ништо не е познато за навиките или животниот циклус на новиот вид, освен дека неговите јајца се положуваат во устата на друго животно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира