НОВ ЗЕЛАНД ЗА ПРВПАТ ПО 150 ГОДИНИ ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО СТРИЖЕЊЕ ОВЦИ

    НОВ ЗЕЛАНД ЗА ПРВПАТ ПО 150 ГОДИНИ ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО СТРИЖЕЊЕ ОВЦИЗлатните ножици, што се сметаат за Оскари во индустријата за стрижење на овци, ќе одржат и настан за жените-стрижачи, поради сѐ поголемиот број на жени кои работат во овој сектор (Фото: ДПА)

    Нов Зеланд беше првата земја што им го даде правото на глас на жените, има жена за премиер и често е на водечките места на листите за родова еднаквост.

    Сепак, има еден дел каде недостаува женско присуство: напорниот свет на натрпреварувачкото стрижење овци. Но, и ова наскоро ќе се промени.

    По 150 години откако за првпат во Нов Зеланд се одржале натрпреварите за стрижење овци, жените конечно ќе добијат своја категорија. Златните ножици, што се сметаат за Оскари во индустријата за стрижење на овци, ќе одржат и настан за жените-стрижачи, поради сѐ поголемиот број на жени кои работат во овој сектор.

    „Во минатото, секогаш имало жени што стрижат. Забележуваме сѐ поголема бројка на жени што сакаат да се натрпреваруваат, а не само да работат во деловите каде се чува волната“, вели претседателката на Златните ножици, Клер Грејнџер.

    Таа смета дека порастот на интересот на жените-стрижачи се должи на фактот дека „жените денес се чувствуваат дека се еднакви со мажите и можат во сѐ да придонесат“.

    Џилс Енгус Брни, е една од неколкуте жени која стриже овци веќе 40 години, и која ја нарече одлуката како значаен, прогресивен чекор.

    „Народот сака да ги гледа жените како се натпреваруваат во стрижење и сметам дека ова е одличен потег“, вели таа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари