НОВА КАМПАЊА „ОТВОРИ СКОПСКО ЗА…“ СО МУЗИКА ОД РИСТО ВРТЕВ И НОВОГРАДСКА

    НОВА КАМПАЊА „ОТВОРИ СКОПСКО ЗА…“ СО МУЗИКА ОД РИСТО ВРТЕВ И НОВОГРАДСКА

    Пивара Скопје“ ја започна својата нова кампања „Отвори Скопско за…“.

    Видеото за кампањата го режираше Марија Апчевска, а музиката е на Ристо Вртев, во нов аранжман на Новоградска.

    Целта на кампањата е да ги инспирира луѓето да погледнат околу себе и да ги препознаат и слават убавите моменти што ги создаваме заедно.

    „Без разлика на предизвиците со кои се соочивме и промените кои се неминовни, она што останува секогаш исто е убавината на моментите кои ги споделуваме со луѓето кои ни значат, преку кои продолжуваме да го славиме животот и сфаќаме дека е потребно малку за да биде убаво“, велат од Пивара Скопје и додаваат:

    „А, Скопско е неизбежен дел од овие моменти и токму поради ова, отворено Скопско за секој од нас е симбол на заедништво, солидарност и верба во подобро утре“, велат од компанијата. 

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира