Ново истражување покажува дека луѓето можеби користеле психоактивни супстанци многу порано одошто мислеле научниците. Доказите покажуваат дека бетеловите ореви биле користени како дрога од страна на некои индонезиски заедници пред 25.000 години.
Научниците од Универзитетот Грифит во Австралија пронајдоа необични обрасци во скелетните остатоци од раните човечки собирачи на храна, што ги поврзаа со цицањето бетелови ореви. Професорот Адам Брум, кој го водеше истражувањето, рече дека ова може да биде најраниот доказ за употреба на дрога во светот.
Во новата студија, објавена во „Science Advances“, истражувачите објавија дека се откриени ретки скелетни остатоци од двајца собирачи на храна од индонезискиот остров Сулавеси. Едниот датирал од пред 25.000-16.000 години, а другиот од пред 7.600-6.300 години.
И кај двајцата е утврден необичен модел на абење на забите, со длабоки, за кој се верува дека е предизвикан од цицање на цели бетелови ореви. Кога се консумираат, тие предизвикуваат чувство на блага еуфорија и зголемена свест.
„Иако е слабо позната во западните општества, таа е четвртата најшироко користена психоактивна супстанца во светот, по алкохолот, кофеинот и никотинот“, рече Брум.
Порано се сметаше дека користењето дроги започнало со појавата на земјоделството, почнувајќи со ферментирани алкохолни пијалаци пред околу 13.000 години.



